Општинската администрација треба да излезе во пресрет на зголемениот број барања за легализација на дивоградбите што се очекуваат во следниот период и да воспостави двосменско работење, како и работа во саботите, смета министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Според него општините  треба да формираат мобилни екипи кои на терен ќе ги информираат граѓаните за деталите околу легализацијата, повторувајќи дека не се размислува за продолжување на рокот за доставување барања, туку за казнување за тие што нема да го направат тоа.

До сега во Македонија се доделени се 4.600 решенија за легализација на дивоградби од стапувањето во сила на Законот за третман на бесправно изградени објекти, а вкупно се поднесени 90 илјади барања. 

Во целата држава се регистрирани околу 350 илјади дивоградби или делови од дивоградби. Рокот до кога граѓаните можат да достават барања за истекува на 3-ти септември.

OhridNews