Општините, нотарите и приватните геодетски фирми ќе добијат овластување на граѓаните да им издаваат имотни листови, пренесува „Макфакс“.

Новиот директор на Агенцијата за катастар, Славче Трпески вчера истакна дека покрај 29-те подрачни одделенија на кои може да се извади имотен лист, со децентрализацијата ќе се отворат уште околу 400 шалтери на кои граѓаните ќе може да завршат работа од делот на Катастарот.

Во наредниот период ќе следи тестирање на проектот, а за две недели Агенцијата ќе склучи и договори, со кои на општините, нотарите и приватните геодетски фирми ќе им се овозможи за цена од за 125 денари плус 50 денари такса да издаваат имотни листови.

OhridNews
извор:„Макфакс“