Општинското возило  марка Цитроен Ц 5 , со кое патувала официјална делегација на  Охрид во посета на побратимениот град Крагуевац  имало дефект на моторот на автопатот  „ Братство Единство“’ во близина на српскиот град Ниш.

Поради претпазливост и сигурност при патувањето, охридската делегација  со автомобил, обезбеден од домаќините од Крагуевац,  била превезена  до границата од каде ги презело друго возило кои го испратил градоначалникот Никола Бакрачески.

Во моментов во соседна Србија  се санира дефектот на возилото, по што истото се очекува да биде  вратено во Охрид во наредниве 2-3 дена.

OhridNews