Општинската организација на СДСМ –Дебарца, синоќа на изборна конференција, по предлог  на претседателот на ОО на СДСМ, Зоран Ногачески,   избра  нов Извршен и Надзорен одбор.

Во своето обраќање до присутните,претседателот  на ОО на СДСМ  Дебарца ја презентира програмата , чија основна цел ќе биде  општинската организација  да се врати на победничките патеки, со што ќе се даде придонес во создавањето на новиот победнички СДСМ.

Како што истакна претседателот тимот со кој ќе работи на терен е составен од млади  и искусни луѓе-интелектуалци, кои се секојдневно меѓу граѓаните, ги препознаваат проблемите во општината и имаат решенија за истите.

– Со овој тим всушност се операционализира силната порака на новото раководство за отворање на партијата  и за мобилизирање на младите како носители на новата енергија на партијата. Заедно ќе работиме  транспарентно и одговорно, при што   интересите на општината секогаш ќе  бидат во прв план, рече во своето обраќање Ногачески.

На Конференцијата свое обраќање имаше и Ѓоко Танаскоски,член на извршниот одбор на СДСМ,  кој  ги запозна присутните со тековните  активности  на партијата  на  централно  ниво. Им посака плодна и успешна работа, со која Дебарца ќе се врати  на позицијата бастион на СДСМ.

Во новиот состав на Извршниот одбор се:  Благојче Стојчески – дипломиран економист, Игор Крцоски, Ана Аврамоска-студент на факултет за менаџмент на компјутерски системи, Даниела Мочароска-дипл.менаџер по осигурување, Радмила Филипоска-дипл.економист, Стојан Прензоски-дипл.правник, Диме Попоски,, Ѓорѓи Стефаноски-ветеринарен лекар, Томислав Секулоски –дипл.економист, Горан Мајстороски, Даница Ѓуроска, Коле Донески, Гоце Стојаноски, Наташа Димоска – студент на економски факултет, Кристина Јорданоска, Горан Угриноски, Пере Настески, Благојче Петрески.

Членови на новиот состав на Надзорниот одбор се :  Ѓурѓица Танаскоска- дипл.менаџер по туризам, Катерина Боческа –дипл.менаџер по осигурување, Никола Мартиноски –дипл.економист, Климе Сарафиноски –ветеринарен лекар и Данчо Ќулукоски.

OhridNews