Од општинската ВМРО- ДПМНЕ обвинуваат дека продолжуваат партиски вработувања во локалната самоуправа и јавните претпријатија.

Како што беше истакнато на денешната прес- конференција, и покрај големата превработеност констатирана во Јавните претпријатија и во Општина Охрид, ЈП „Охридски комуналец“  објавил нов оглас за вработување на 21 лице.


–    Иако во изминатиов период ЈП „Комуналец“ покрај неколкукратното зголемување за наплата на услугите кон граѓаните, беше актуелно со неисплата на редовен приход кон вработените, како и со долгови кон ЕВН со што им беше исклучено и струјното напојување во нивната правна зграда, јавното претпријатие продолжува со праксата за превработеност со нови огласи за вработување со што до израз доаѓа недомаќинско и несовесно работење на ова претпријатие. Согледувајќи ги последните вработувања во и онака пренатрупаната општинска администрација како и во јавните претпријатија во општина Охрид за која сведоци сме сите ние, може да се претпостави по кои критериуми, Александар Петрески или блиските со него  соработници прават селекција при вработување, рече портпаролот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Митровиќ.

Митровиќ праша дали  наместо квалитет, стручност и едукативност при селекцијата на новите вработувања се ослонуваат на партиска книшка од СДСМ, непотизам или тесни бизнис интереси и зделки.

–    Ваквиот деструктивен начин на водење на Општина Охрид и јавните претпријатија во градот Охрид се симбол на Александар Петрески и неговиот губитнички тим, додаде Митровиќ.

OhridNews