Од општинската ВМРО – Народна партија повторно со апел до надлежните да преземат мерки поради високото ниво на водата во Охридското езеро, а со цел да се избегнат штетите врз објектите кои се наоѓаат во непосредна близина на езерото.

– ВМРО-НП пред месец и половина предупреди за високото ниво на водата во Охридското езеро. Поучени од минатите години, предупредивме дека во наредниот период нивото на водата ќе се зголемува. Уште еднаш сакаме да упатиме апел во Владата на Република Македонија и до ЕЛЕМ, како едно од решенијата на овој сериозен проблем, да го уредат старото речно корито на реката Сатеска. Тоа корито, од селото Волино се до вливот во Црн Дрим мора по итно да се уреди, водата да се насочи дирекно, што ќе помогне во запирање на покачување на нивото на водата во Охридското езеро, велат од општинската ВМРО- НП.

Оттаму се надеваат дека владата ќе најде разбирање за граѓаните на Охрид и Струга и дека под итно ќе најде решение за проблемот.

OhridNews