По препораките и мерките кои ги донесе и ги презема Владата за справување со коруна вирусот, Општина Охрид ги известува граѓаните дека е пожелно да ги намалат своите активности во однос на користење на услугите од локалната самоуправа.
- Во таа насока, се замолуваат граѓаните доколку е тоа неопходно, своите потреби и права да ги остварат преку канцеларијата–сервисот за граѓаните, без непотребно да ги користат другите простории на локалната самоуправа, велат од општина Охрид.
На располагање и понатака остануваат сервисите на веб страницата на Општина Охрид и телефонските контакти и електронски адреси.
OhridNews












