Денес радиаторите во општинската зграда, во која се сместени локалната самоуправа и подрачните единици на неколку министерства, останаа незагреани.

Како што информираа од локалната самоуправа, причина е што од страна на министерствата чии подрачни единици функционираат во зградата, навреме не обезбедиле нафта.

–    Според квадратурата која се користи, направен е договор кој, кога и колку учествува со нафта за парното греење кое заедно се користи.Закажаа министерствата, бидејќи немаат обезбедено  нафта, велат од локалната самоуправа.

Последните информации се дека се прават напори проблемот да се реши во текот на денот и да се обезбеди нафта со цел од утре парното греење во општинската зграда повторно да работи.

Т. К.