Право на учество на овој натпревар имаат учениците и членовите на библиотеките од Основните училишта во градов.
– Сите ученици кои имаат интерес за учество на овој натпревар, за подготовка, може да го користат Прирачникот “Млади библиотекари“ од Миле Бошески, кој може да го изнајмат од нашата библиотека, информираат од библиотеката.
Прашалникот ќе се состои од 20 прашања на кои натпреварувачите одговараат писмено за време од 1 час.
Победниците од овој натпревар се стекнуваат со право на учество на републичкиот (државен) натпревар “Млади библиотекари“, кој традиционално секоја година го организира Библиотекарското здружение на Македонија.