Во текот на вчерашниот ден, екипа на Црвениот крст Охрид беше во посета на Здруженијата на лица со попреченост „Добротољубие“ и „Зраци“, каде за потребите на членовите беа донирани прехранбени производи, прибрани во акцијата „Недела на борба против гладта“.

Исто така, со поддршка од Центарот за јавно здравје Охрид, беше извршена бесплатна вакцинација против сезонски грип, со вакцини обезбедени за ранливите категории граѓани обезбедени од хуманите граѓани.

OhridNews