Општинските буџети во Струга и Дебрца ќе се полнат од рудниот за манган Стогово
20.06.13 07:00
Компанијата „Скопски легури мајнинг“ стана концесионер на рудникот за манган Стогово, кој се наоѓа недалеку од Кичево. Сопственикот на фирмата Денис Корнијенко вчера во Министерството за економија потпиша договор за експлоатација на манган, што треба да има значење и за самата компанијата, а и за локалната и националната економија, пренесува „Дневник“.
Како што пишува овој дневен весник, од понудените 424.000 евра и средствата што ќе се плаќаат врз основа на концесиски надоместок, 78 отсто ќе бидат приход на општините Кичево, Дебар, Струга и Дебарца, а 22 отсто ќе одат во државниот буџет.
Инаку, на локалитетот Стогово утврдени се околу 15 милиони тони рудни резерви со просечна содржина на манган од 24,4 проценти.
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Максималната температура во Охрид ќе достигне 18 степени До средината на следната седмица време...
На подрачјето на СВР Охрид, од јуни до септември се издадени 292 прекршочни платни налози за возачи на електрични тротинети Само во септември се евидентирани 377 прекршоци Начинот на кој се управув...
Пред три и пол децении интернетот не беше дел од секојдневието на македонските граѓани Денес преку него комуницираме, работиме, купуваме, плаќаме, се информираме и користиме различни услуги, а моби...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.