Објавено е креативното видео од стендап спектаклот „Опстанок“, со кој охридскиот актер и комичар Никола Тодороски одбележа 15 години стендап кариера, а воедно беше спуштена завесата на осмото издание на Summer Comedy Marathon.
Видеото ја пренесува атмосферата од големата стендап вечер на „Билјанини Извори“, исполнета со хумор, енергија и одлична реакција на публиката. На сцената, покрај Тодороски, настапија Никола Братучед, специјалните гости Атанас и Тино, додека за музичкиот дел од вечерта се погрижи DJ Face.
Кулминација беше премиерното изведување на „Опстанок“ на Тодороски, шоу инспирирано од македонското секојдневие и предизвиците на современиот живот.
Креативното видео сега носи дел од атмосферата, емоциите и највпечатливите моменти од вечерта со која Тодороски го заокружи својот 15-годишен пат на стендап сцената.
OhridNews










