Македонските едриличари во текот на изминатата седница учествуваа на балканскиот шампионат Олимписки класи и Оптимист во Бургас, Бугарија.


На шампионатот на кој учествуваа повеќе од двеста натпреварувачи, најбројни беа едриличарите во класата Оптимист. По поволни временски услови се одржаа осум трки, последниот ден поради олујниот ветар и бранови од три метра едиличарите останаа на копно.

Македонската експедиција која броеше десетина члена настапи во класата Оптимисти, Ласер Стандард и 470. Најуспешниот македонски едриличар Димитар Поп-Стефанија се пласира на 39. место, Илче Грунче заврши на 45-то а Новица Велјаноски на 51 место.

Во класата 470 екипажот Кирил Мирчески и Димитар Чаторошоски го освоија 17-то место.

Ohridnews