Ракометарите на Охрид денеска во Атина го играат првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот куп против екипата на Олимпијакос во Атина.

Екипата од вчера е во главниот град на Грција каде одработи еден тренинг пред денешниот меч кој се игра во 16 часот по македонско време.

Ќе биде тешко на жешкиот терен во Атина, но ГРК Охрид е подготвен за предизвикот, вели разорниот бек Анте Иванковиќ.

Љубителите на ракометот натпреварот Олимпијакос – Охрид од 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп ќе може да го проследат во живо на МРТ 3.

Реваншот се игра на 4 април во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18 часот.

Г.М.