
-Некаде на почетокот на ноември мислам дека власта бидејќи теренот е сосема подготвен ќе се одлучи да го уапси Бранко Црвенковски. Тоа ќе го направи како дел од акцијата „Шпиун“ бидејќи таму веќе се фрлени сите аргументации дека прво тие шпиунирале за Грција, второ дел од извештаите ги давале на висок бивши политичар. И дека нивниот круг е таков што ќе биде лесно бидејќи е таа една заматена заврзлама во целата таа акција на апсење, ќе биде лесно да се докаже дека на некој начин Бранко Црвенковски бил поврзан со овие „шпиуни“ а тој и така нели е предавник во однос на грчката тема, и ќе биде многу згодно“, рече Ордановски.
Во меѓувреме, вели Орданоски, со широка кампања по медиумите се пласира дека Заев и Шекеринска не се разликуваат од Црвенковски.
Орданоски тврди дека во март или април ќе има и вонредни парламентарни избори, на кои единствена тема ќе биде шпионирањето и наводното предавство.
Ова сценарио може да се реализира, доколку, според Oрданоски, социјал-демократите останат жртви на власта која им ја диктира агендата. Ги посоветува да не бараат гласачка база во маргинализираните групи, туку да почнат со реформа на инструментализираниот синдикат.
Своите идеи и анализи, Орданоски ги искажа на стручната дискусија за кризата на демократскиот модел. Унгарскиот професор Золтан Погача нашироко елаборираше зошто либерализмот и социјалдемократијата во Европа се во криза, а популистичката десница ги освојува симпатиите на граѓаните.
OhridNews












