Во пресрет на официјалната посета на претседателот на Република Полска на Република Македонија, Бронислав Коморовски, на 10 и 11 септември 2013 година, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов донесе указ со кој претседателот на Република Полска, Бронислав Коморовски се одликува со Орден „ 8 Септември“.
Орденот „8 Септември“ му се доделува на претседателот на Република Полска за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Република Македонија и Република Полска, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија.
Оваа година се одбележува дваесет годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Полска. Двете земји во изминатиот период изградија односи на искрено пријателство, кое се карактеризира со меѓусебно разбирање и заемна поддршка на билатерален и мултилатерален план. Двете земји остваруваат плодна соработка во повеќе сфери од заемен интерес.
Орденот „8 Септември“ се доделува како израз на благодарност до полскиот народ и лидерите на Република Полска за негувањето и јакнењето на односите на пријателство и на соработката меѓу двете држави, за силната поддршка и помош во напорите за реализација на стратешките цели и принципиелниот однос кон уставното име на Република Македонија.
OhridNews