За љубителите на театарот фестивалот Охридско лето обезбеди бесплатен организиран превоз за претставата  „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот“ што вечерва во 21 часот во Заливот на коските во Градиште ќе ја изведе Драмскиот театар од Скопје.
За сите заинтересирани обезбеден е превоз во 20.15 часот од ул. „Партизанска“ пред х.„Палас“.
По завршувањетпо на претставата, присутните исто така организирано ќе бидат вратени во Охрид.
OhridNews