На Преспанско Езеро, кое нема концесинер, подолг период организирани групи вшршат незаконски риболов, информираат од Државниот инспекторат за земјоделство.
-По собирање на податоци и сознанија дека организирана група од физички лица, од регионот на Преспа, имаат големи количини на риболовен алат, мрежи, недозволени средства, влакови, оски, харпуни, со кој риболовен алат вршат недозволен риболов на Преспанското Езеро, како и дека истите лица поседуваат импровизирани складишта во кои се наоѓариболовен алат, фрижидери со свежа и замрзната риба која пак потоа спротивно на законот се пушта во промет на зелените пазари во Битола, Прилеп и Ресен, како и во угостителските објекти во Охрид и Струга, на 21 мај Државниот инспекторат за земјоделство во соработка со МВР СВР – Битола и Единицата за брзи интервенции при МВРизврши заедничка акција (надзор) на риболовното подрачје Преспанско езеро, како и претрес во домови на одредени лица во реонот на Преспанското Езеро по претходно обезбеден судски налог при што се одземени следниве предмети:
– Рибарски мрежи 283 броја со просечна должина по
мрежа од околу 50 метри со вкупна должина од 14 километри.
– 205 кг (двеста и пет) кг риба претежно преспанска
плашица.
– 2 (две) сачми (сертмиња).
– 1 (една) Повлечна мрежа – влак.
– 6 (шест) Пенти.
– 3 (три) Кајчиња.
– 6 (шест) Весла.
– 3 (три) кепчиња (сакови).
– 1 (еден) Резервоар за бензин.
– 1931 (илјада деветстотини триесет и едно паковање) рибарска мрежа – чилиња.
– Разновиден матерјал за изработка на рибарски мрежи (оловни конци, рибарски конец и др).-соопшти Државниот инспекторат.
Поднесени се 5 кривични и уште толку прекршочни пријави и поведена е една постапка против непознат сторител.
Целокупниот риболовен алат и средства ќе биде предаден на Агенцијата за одземен имот, информираат од ржавниот инспекторат за земјоделство.