Оригинални предмети од збирките на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид дел од изложбата В/редности и вредности односно дел од новата поставка во Музејот на Народната банка посветена на културното наследство претставено на македонските банкноти. Изложбата е поставена по повод одбележувањето на 30 години од монетарното осамостојување во државата.
Меѓу големото богато културно наследство што е предлошка за дизајнот на македонските банкноти изложени се и оригинални предмети од збирките на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. Меѓу нив Торзо на божицата Изида, Погребна златна маска, златни обетки, иконата Богородица Епискепсис, сад за евхаристија во форма на гулабица, информираат од НУ Завод и музеј Охрид.
Поставката, преку осум микроцелини, секоја посветена на засебна банкнота, го опишува и го толкува културно-историското наследство употребено како предлошка за создавање на нивниот дизајн.
Изложбата е поддржана од страна на седум македонски музеи, коишто обезбедувајќи пристап до артефактите, овозможуваат да бидат претставени пред пошироката јавност како обележја на македонските пари, информираат од Народна Банка.

OhridNews
фото. Завод и музеј Охрид
















