Најновата театарска претстава на Народен Театар Охрид „Оркестар Титаник” со која во јуни го прославија петнаесеттиот роденден ќе биде изведена вечерва пред охридската публика со почеток во 20.00 часот.

Надежта е основна категорија на човековото постоење. Она што не издвојува и на прави луѓе. Ако немаш надеж, ништо не си. Овие луѓе живеат на напуштена железничка станица и сонуваат за својот воз, за својот брод, за својот излез, за своето постоење. Низ таа потрага тие наоѓаат нешто што го имаат заборавено – сопственото јас и за што постојат овде, вели режисерот Цветановски за претставата.
Картите се по цена од 300 денари.
OhridNews











