Центар за култура „Григор Прличев“
Од 09.10.2026 - 20:00 до 09.10.2026 - 22:00
Најновата театарска претстава на Народен Театар Охрид „Оркестар Титаник” со која во јуни го прославија петнаесеттиот роденден ќе биде изведена пред охридската публика во петок, 09.10.2026 година со почеток во 20.00 часот.

Надежта е основна категорија на човековото постоење. Она што не издвојува и на прави луѓе. Ако немаш надеж, ништо не си. Овие луѓе живеат на напуштена железничка станица и сонуваат за својот воз, за својот брод, за својот излез, за своето постоење. Низ таа потрага тие наоѓаат нешто што го имаат заборавено – сопственото јас и за што постојат овде, вели режисерот Цветановски за претставата.
Картите по цена од 300 денари се пуштени на продажба, а билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведбата.
OhridNews











