Подготовките за најголемото оро во светот кое ќе се игра на локација  од Охрид до Струга се во тек, но истото ќе се игра две недели подоцна, односно на 10 мај.

Како што информира директорот на НУ „Танец“, причината за поместувањето на датумот е што судиите на Гинис не можат да дојдат на претходно закажаниот датум, туку дури по две седмици.

Инаку, на настанот ќе учествуваат 18.000 лица, со што ќе се направи обид да се постави нов Гинисов рекорд во оваа категорија.

OhridNews