Во селото Оровник во општина Дебрца во тек се градежни активности за реконструкција на главната улица, со кои се предвидува подобрување на патната и комуналната инфраструктура.

Проектот опфаќа целосно асфалтирање на улицата на потегот од влезот на селото до црквата „Св. Илија“, како и подземно каблирање на електричната мрежа и поставување нови електрични ормари.

Дополнително, предвидена е изградба на нови тротоари за побезбедно движење на пешаците, како и поставување ново улично осветлување.

Како што информир градоначалникот Златко Сиљаноски, вкупната вредност на инвестицијата изнесува 11,5 милиони денари, а со реализацијата на проектот се очекува да се подобрат условите за живот и изгледот на селото.

OhridNews