Шпанските власти покренеа истрага поради сомнение дека екипата на Осасуна минатата сезона била вмешена во четири наместени натпревари.


Минатата сезона Осасуна испадна од лигата, а „Марка“ пренесува дека тимот грчевито се борел надвор од теренот место на него да избегне преселување во втората лига.

Едниот сомнителен натпевар е меѓу Осасуна и Еспањол, кој е завршен без победник 1-1, а ремито било во прилог на двете екипи.


За договорениот натпревар Еспањол заработил 1,5 милиони евра, а тогаш на клупата бил Хавиер Агире, кој во минатото ја водел и Осасуна.

Мексиканскиот стручњак е веќе под истрага за натпреварот Сарагоса – Леванте во купот на Шпанија во кој беа вмешани и неколку фудбалери.

Ohridnews