Во текот на минатата ноќ дошло до оштетување на дел од новогодишната опрема во чаршијата. Поточно, паднала една од канделабрите до која беше поставен засебен столб, на кој беше монтирана дел од опремата- украсните чадори на потегот кон Чинарот.
Од локалната самоуправа информираат дека службите веднаш излегле на терен и се пристапило кон санирање на проблемот. Дополнително, ќе се пристапи и кон утврдување на причините кои довеле до оштетувањето, при што за среќа, нема повредени лица, а причинета е само материјална штета.
OhridNews











