Деновиве паднал дел од таванот во холот во ОУ „Григор Прличев“. Родителите се загрижени за безбедноста на децата и апелираат до надлежните да го санираат оштетувањето.

Оваа дупка на таванот на влезот во училиштето “Григор Прличев” сликовито ја објаснува ситуацијата во која што се наоѓа образованието. Мрачна, надвисната црна потенцијална опасност за децата што се образуваат за еден да бидат тоа што ние никогаш не бевме! –  вели загрижен родител.

Најголем дел од објектите каде се одвива одделенска настава во општината и земјата воопшто, се стари по неколку децении.

OhridNews