Пешачката патека со скалички која ги поврзува улиците „Браќа Миладиновци“ и „Кузман Капидан“ во стариот дел на Охрид, веќе подолго време е оштетена. Охриѓани кои секојдневно минуваат по оваа патека велат дека оштетувањата се зголемиле во текот на изминатиот период, како резултат на бројните врнежи.

Инаку во овој дел на градот вакви оштетувања има и на уште неколку други пешачки патеки и скалички.

OhridNews