Под влијание на силниот ветер и обилните врнежи од дожд кои изминатата недела го зафатија Охрид, оштетени се дел од дрвата низ охридските улици.
На пресекот на улицата АСНОМ со кејот „Маршал Тито“, од силината на ветровите напукнати се неколку гранки од врба која се наоѓа во непосредна близина на тротоарот.
Граѓаните апелираат до надлежнте да ги отстранат скршените гранки од дрвото, бидејќи овој потег е доста фрекфентен во текот на викендите.
О.Т.