Оштетени или украдени се симболите позади еден од головите на Фудбалскиот клуб Караорман од стадионот во Струга. На ѕидовите, сторителите имаат напишано недолични зборови, кои, воопшто немаат место на спортските стадиони а најмалку во Струга, каде некогаш Караорман ги пречекуваше македонските шампиони.

  • Не сакаме да се посомневаме, но мораме да се запрашаме дали на некој или некои луѓе му смета заживувањето на Фудбалскиот клуб Караорман. Клубот е синоним за Струга и секој како таков треба да го почитува. – изјавија за OhridNews од Караорман.

„Црвените“ моментално се натпреваруваат во Третата македонска фудбалска лига југо-запад. Клупската управа најавува стабилизирање и консолидирање на екипата и градење на стратегија за враќање на Караорман во второлигашкото друштво.

Мх.П.