На голем број охридски улици веќе подолго време безбедноста на пешаците е загрозена затоа што забавувачите на сообраќај или тaканаречените „легнати полицајци“ се оштетени. Најлоша е состојбата на улиците „Гоце Делчев“ и „7-ми Ноември“, каде што речиси ниту еден легнат полицаец не е целосен.

Овој проблем најверојатно би требало да биде надминат во текот на оваа година, бидејќи во „Програмата за изградба на сообраќајна сигнализација на Општина Охрид за 2014 година“ се предвидени 600.000 денари за поставување на забавувачи на сообраќај.

OhridNews