Вчера во раните утрински часови, непознат сторител(и) оштетил патничко моторно возило марка „мерцедес“, сопственост на охриѓанец.
Како што соопшти СВР Охрид, возилото претрпело неколку оштетувања на предниот дел, ветробранот и страничното стакло, а во внатрешноста изгорена била помала синтелонска површина на подот од околу 15- на сантиметри.
Полицијата работи на откривање на мотивите и извршителите на вандализмот.