Сообраќајна незгода се случи попладнево на улицата „Јане Сандански“ во која автомобил марка пежо од засега неутврдени причини удрил во паркирани возило опел астра, кое од силината на ударот се поместило нанапред и удрило во уште едно возило.

Возачот кој ја предизвикал незгодата го напуштил местото на настанот, информираат од СВР Охрид. За сега не се знае дали евентуално има некој повреден во пежото, а полиција презема интензивни мерки за пронаоѓање на несовесниот возач.

OhridNews