
Тие истакнуваат дека ваквиот начин ќе придонесе за поголема ажурност и ефикасност во донесувањето на решенијата за пензија.
-Навременото информирање ќе придонесе за поголема ефикасност во донесувањето на решенијата за правата од пензиско и инвалидско осигурување бидејќи податоците за стаж и плати ќе бидат целосни и точни, што ќе претставува добра основа за брзо одлучување за правото и висината на пензијата, изјави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски.
Тој напоменува дека измените се донесени по согледувањата на социјалните партнери дека има потреба од зголемување на информираноста на осигурениците во врска со правата во пензиско и инвалидско осигурување.
-Социјалните партнери и Економско-социјалниот совет оцени дека е потребно да се направат вакви измени со кои ќе им се помогне на работниците и на граѓаните да имаат ажурни податоци во делот на стажот на осигурување и плати за секој осигуреник, рече Митревски.
Од 15 јануари Фондот на ПИОМ достави податоци за стаж и плати до 318 илјади осигуреници. Доставувањето на прегледи со податоци од матичната евиденција на осигурениците ќе се врши два пати годишно и тоа најдоцна до 15 февруари и до 15 јули секоја година.
Во првата половина од годинава, овие податоци ќе се доставуваат преку работодавачот, а од јули ќе се овозможи електронски пристап во увидот на податоците.
OhridNews
Извор:„МИА“











