Свеченоста на доделувањето на Оскарите на 25 април ќе се одвива на повеќе места, а не само од „Долби театарот“ во Лос Анџелес, како досега, соопшти Американската академија за филмски науки и уметности.
Во оваа уникатна година, која бара толку многу од нас, Академијата е решена да ги додели Оскарите, притоа давајќи приоритет на јавното здравје и безбедност на сите што ќе учествуваат. За да создадеме претстава која нашата светска публика ќе сака да ја види, прилагодувајќи се на барањата на пандемијата, свеченоста ќе се емитува во живо од повеќе места, вклучително и „Долби театарот“. Со нетрпение очекуваме да споделиме повеќе подробности, но тоа ќе се случи наскоро, соопшти Академијата.

И покрај минатогодишниот рејтинг на историски минимум со 23 милиони гледачи, доделувањето на Оскарите е на второ место по рејтинг, зад Суперболот.
Номинациите за годинешните Оскари ќе бидат објавени на 15 март, а главната свеченост – доделувањето, ќе се одржи на 25 април.
OhridNews












