Режисерот Чарлс Фергусон, кој оваа година доби оскар за документарниот филм „Работата одвнатре“, ќе сними филм за Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“. Филмот ќе биде прв долгометражен проект на Фергусон, кој исто така го режирал остварувањето „Не се гледа крајот“, за американската окупација на Ирак, за кое исто така бил номиниран за Оскар.


Асанж беше уапсен минатата година кога „Викиликс“ објави тајни дипломатски преписки. Набрзо потоа беше обвинет и за силување и сексуален напад, и сега во Англија чека екстрадиција во Шведска. Освен овој, во подготовка се уште два филма за Асанж.