Вандализам на гробиштата во кругот на црквата „Света Богородица“ во струшки Боровец. Искршени надгробни плочи, превртени споменици, предизвикана матријална штета на 14 гробови.

Жителите велат дека настанот е пријавен во полиција и очекуваат институциите да преземат мерки за вакви немили настани да не се повторат во иднина. Воедно, го осудуваат овој чин и повикуваат на соживот со оглед дека се работи за оштетување на православните гробишта.

На 30.07 2026  во 18:30 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта било пријавено дека во кругот на црквата „Св. Богородица“ во селото Боровец биле осквернавени 14 гробови на тој начин што биле оштетени мермерните плочи. Увид на местото извршија полициски екипи и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Според неофицијални информации на информативен разговор биле повикани малолетни лица во присуство на родителите.

Н.С.Ј.