Главниот град на Норвешка Осло ја повлече кандидатурата за организација на Зимските олимписки игри во 2022 година, бидејќи парламентарното мнозинство на Конзервативната партија не ја поддржала финсиската платформа.

Според весникот Афтенпостен, во Конзервативната партија биле поделени околу кандидатурата, па по долга расправа било решено мнозинството да гласа против кандидатурата на Осло.
„Немаше доволна поддршка за спроведување на толку голем проект“, рекла конзервативната норвешка премиерка, Ерна Солберг.
По откажувањето на Осло, официјални кандидати за домаќин на ЗОИ 2022 се Пекинг (Кина) и Астана (Казахстан).
„Макфакс“










