Основниот суд во Охрид денеска донесе ослободителна пресуда за Илија Спасески и Борче Ангелов, обвинети за нанесување тешка телесна повреда на Христијан Пендиков во инцидентот што се случи во јануари 2023 година во Охрид.
Во повторената постапка Судот оценил дека обвинението не е докажано надвор од разумно сомневање. Во постапката не бил докажан ниту етнички мотив за инцидентот.
Спасески и Ангелов претходно беа осудени на по осум месеци затвор, но Апелациониот суд во Битола ја укина пресудата и предметот го врати на повторно судење.
Инцидентот со Пендиков се случи на 19 јануари 2023 година пред угостителски објект во Охрид. Случајот предизвика големо внимание во македонската и бугарската јавност и реакции на политичко и дипломатско ниво.
OhridNews












