
– Ослободувањата од социјалните придонеси за работодавачот ќе се протегаат во период од 12 месеци, со обврска натаму работодавачот да го задржи на работа ангажираното лице за кое бил ослободен од плаќање на придонеси уште дополнителни 12 месеци. Работодавачите со оваа мерка ќе имаат обврска да ги задржат вработените во период од 12 месеци”, нагласи премиерот Никола Груевски.
Груевски додаде дека со оваа мерка работодавачите ќе имаат заштеда од 37 отсто, односно 27 проценти од социјалните придонеси и 10 отсто од персоналниот данок.
Мерката ќе трае две години со можност за продолжување, доколку бидат постигнати посакуваните резултати. Целна група на оваа владина мерка се сите млади невработени лица до 29 години, а според податоците на Агенцијата за вработување станува збор за 45 илјади лица, од кои 25 илјади се активни баратели на работа, додека 20 илјади се во категоријата пасивни.
OhridNews
извор: Макфакс











