Осмата Меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ – 2023 г. во организација на Здружението за литература и култура „Охридски поетски бисер“ –Охрид ќе се одржи на 24 јуни со почеток во 13 часот во манастирот „Свети Кузман и Дамјан“ – Опеница, Охрид.
Од Организацискиот одбор на „Охридски поетски бисер“ велат посебна чест, но и обврска, преставува бројката од 204 пристигнати творби.
Од пристигнатите творби 121 се од македонски поети, 31 на млади поети, 49 странски поети и 3 на поети од нашата дијаспора. Поради тоа, но и условеноста од просторните и временски можности, принудени бевме, за жири комисијата да ангажираме независни членови, професори по книжевност од Битола, Струга и Скопје, кои ќе извршат избор според квалитетот на творбите, а не според името на авторот, потенцираат.
Додаваат дека со сета почит и љубов сакале да ги удостојат сите пријавени, но едноставно не било можно, истакнувајќи дека минатата година се обиделе манифестацијата да ја одржат во два дена но наишле на недоразбирање.
Сепак, и со оние кои од оправдани причини не можеа да бидат дел од овогодишната манифестација, остануваме пријатели посакувајќи им пред се здравје, со надеж да се видиме следната година, велат.
Манифестацијата има за цел меѓународна промоција на поетскиот збор, македонскиот јазик и македонската литература, градот Охрид и Македонија.
OhridNews