Во Прличевата одаја при охридската библиотека, денес, се одржа креативна работилница посветена на претстојниот Ден на жената.
Вработените во библиотеката и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, се дружеа со триесеттина ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ од населбата Даљан, при што беа изработени бројни подароци наменети за мајките.
Учениците, придружувани од своите наставнички Виолета Јанковиќ, Билјана Мишева и Лепа Михајлова беа креативни при изработката на осмомартовските честитки, а изведоа и песни посветени на 8 март.
OhridNews















