По повод 8 март, меѓународниот ден на жената, заменик градоначалникот  Ангел Јанев, во име на градоначалникот , Никола Бакрачески, денес во општинската зграда ги прими   директорките на образовните, културни и здравствени институции во општина Охрид на кои празникот им беше честитан со букет цвеќе.

На средбата, Јанев беше информиран  за тековните активности на институциите што тие  ги раководат.

OhridNews