
На Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2013“, што традиционално го организира охридската библиотека, годинава учествуваа 19 ученици од 9 основни училишта во градов: „Ванчо Николески“-Лескоец, „Григор Прличев“, „Живко Чинго“-Велгошти, „Христо Узунов“ , „Кочо Рацин“-Долно Лакочереј, „Св.Климент Охридски“, „Кочо Рацин“ , „Братство Единство“ , „Св.Наум Охридски“ – Пештани.
Прашалникот беше составен од 20 прашања, а учениците одговараа во времетраење од 60 минути. Прашањата беа составувани според прирачникот „Млади библиотекари“ од Миле Бошески.
OhridNews











