Како што информираат од полицијата, во текот на 1985 година, пријавениот заедно со уште 22 физички лица ја основале стамбената задруга „Наш Дом“, по што од страна на општината им било одобрено право на користење на градежно земјиште и одобрение за изградба на адимистративен објект, а подоцна земјиштето било приватизирано во нивна сопственост. По ова, пријавениот со други четири лица во 2005 година, без согласност на претходните 22 косопственици, основал нова задруга под истото име „Наш Дом“, а по негово барање од страна на општината му било издадено Решение за локациски услови со имотот од претходната задруга. Исто така, пријавениот врз основа на фиктивна одлука, имотот од старата задруга го ставил под хипотека и успеал да подигне кредит во износ од 200.000 евра како инвестициски средства со кои изградил нова зграда.
На овој начин, пријавениот ги оштетил другите 22 физички лица кои се сопственици на имотот, а според изготвен наод од вешто лице земјиштето и старите објекти биле проценети во висина од 14.325.679 денари.-соопшти МВР.