Во организација на Здружението на дијабетичари на град Охрид и Центарот за дијабет при Општа болница, во основното училиште „Григор Прличев“ се одржа предавање за навиките во исхараната и физичката активност.
Д-р Лилјана Ангелеска од Центарот за дијабет, ги запозна учениците со превентивното дејствување со цел да се спречат низа заболувања, при што може да се делува преку менувањето на животните навики, со здравата исхрана, физички вежби. Им порача на учениците повеќе време да минуваат на отворен простор, слободното време да го искористат за игра или спорт, при што мобилните телефони и компјутерите да бидат исклучени.
Проектот кој е поддржан од Локалната самоуправа, ќе се реализира во сите основни училишта во општината, а од први септември и во средните училишта.
Целта е да се поттикнат учениците од мали нозе да бидат свесни за своето здравје, да ја зголемат грижата за себе, преку правилна исхрана, спортување и физичка активност.
OhridNews















