Сите основни училишта во општина Струга се снабдени со доволна количина на нафта за греење, во пресрет на почетокот на зимската сезона.
Со овој чекор, општината обезбедува соодветни услови за одвивање на наставниот процес и престојот на учениците во топли и безбедни простории. Снабдувањето е реализирано навреме, согласно планот одобрен од општината, а директорите на училиштата потврдија дека резервите на нафта се доволни за претстојниот период, информираат од Општина Охрид.
Посочуваат дека грижата за условите во училиштата останува приоритет, особено во текот на студените месеци од годината.
OhridNews












