Од идната година, децата ќе читаат литература од странските автори. Бирото за развој на образованието ќе повлекува дури 30 отсто од лектирите наменети за основношколците, поради несоодветните теми и естетски вредности.
Како што напоменуваат од Бирото, дел од лектирните изданија содржеле теми кои лошо влијаеле врз развојот на учениците.
„Уште пред две години, исфрлени се насилните содржини. Особено мора да сме внимателни, наставниците да не ги користат темите кои ја опфаќаат народноослободителната борба каде има морбидни содржини. Тие можат да ги вознемират децата.“ – истакнува Весна Хорватовиќ, директор на Бирото за развој на образованието.
До почетокот на летото, работната група од експерти за детски развој, литература, педагодија и книжевност ќе имаат задача да го формираат новиот список со лектирни изданија.
OhridNews