Продолжи реализацијата на проектот „Млади амбасадори на живиот свет од Охридско Езеро“  на здружението Јадрански слив и предавачите кој опфаќа едукација на учениците  за рибниот фонд во Охридското Езеро и едукација за еколошката свест  и заштита.

По учениците од ОУ „Христо Узунов“, денес, можност да се запознаат со видовите риба кои егзистираат во Охридското езеро, имаа и основците од ОУ „Братство и единство“.

Како што истакна Радован Димитриевски, претседател на Здружението, предавањата кои неодамна  почнаа во основните училишта даваат позитивен ефект.

– Ефектот е многу позитивен затоа што по првото предавање видовме дека децата научија нешто повеќе за рибниот фонд. За жал, видовме дека и многу повозрасни луѓе не ги познаваат основните видови риби така што голема благодарност доаѓа и од нивна страна, рече Димитриевски.

Задоволство од реализацијата на проектот изрази и директорот на ОУ „ Братство и единство“ Муамер Доко кој истакна дека мора да се поработи во насока на подигање на еколошката свест кај најмладите.

Во рамки на првата фаза од проектот, предвидено е да се  реализираат низа предавања во девет основни, три средни училишта во Охрид и едно основно училиште во Струга, каде од септември со проектот ќе бидат опфатени и останатите училишта.

OhridNews