Учениците од трето и четврто одделение при основното училиште „Братство и единство“, денес, ја посетија локалната самоуправа.
При посетата која се реализира во рамки на наставната програма по предметот „Општество“, основците имаа можност да се запознаат со работата на општинската администрација, советот, одделението за односи со јавност, работењето на градоначалникот и секретарот на општината.
OhridNews

















