Ученици од II 2 одделение при ОУ „Григор Прличев“ со нивната учителка Мери Димзовска во просториите на игротеката ВАЊА учествуваа на оригами работилница. Работилницата беше реализирана од страна на Анета В. Јованоска, од општинскот Црвен Крст.
Покрај работилницата во рамките на настанот се организира и маскембал со награден карактер по повод празникот Хелуин. Ученикот од ова одделение Калин Христов ја освои третета награда за најдобра маска.
– Иако овој празник не и припаѓа на нашата традиција, кај учениците беше прифатен со големо задоволство и радост. Во одлична атмосфера сите млади учесници на оригами работилницата беа наградени, најмногу со убавиот спомен и дружењето, велат од училиштето.
OhridNews














